Вести Свет Топ вести

Макрон планира да го дислоцира отворањето на Олимписките игри доколку се оцени дека безбедносната закана е превисока

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз, планирани да се одржат на реката Сена на крајот на јули, би можела да биде преместена на стадионот „Стад де Франс“ доколку се оцени дека безбедносната закана е превисока.

Макрон рече дека француските безбедносни сили ќе бидат мобилизирани „на вонредно ниво“ за да се осигура безбедноста на настанот на отворено. „Ако оцениме дека ризиците се превисоки, имаме резервни сценарија.

Со цел да се ограничи безбедносната закана, организаторите би можеле да одлучат да ја скратат парадата на учесниците на Олимписките игри и „дури да го преместат целиот настан на Стад де Франс“.

Церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз, закажана за 26 јули, треба да биде првата досега одржана надвор од стадион. Според сценариото, околу 10.500 спортисти ќе продефилираат со чамци долж Сена по патека долга шест километри.

Организаторите првично планираа грандиозна церемонија на отворање за околу 600.000 луѓе, од кои повеќето ќе ја следат акцијата бесплатно од брегот на Сена. Но, безбедносните и логистичките проблеми ја наведоа владата постепено да ги намалува своите планови, па на почетокот на оваа година вкупниот број на гледачи се намали на околу 300.000.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе