Вести Македонија Топ вести

(видео)Иванов во Топ Тема: Во Анкара сите следиме што ќе се случи на релација Иран – Израел бидејќи источната граница на Турција и така е премногу сложена

Светот повторно во грч од ризиците на блиско-источната војна врз глобалниот мир. Вечерва во Топ Тема дебата со Д-р Зоран Иванов, асистент професор по меѓународни односи на Економско технолошкиот универзитет во Анкара и Мирче Адамчевски, новинар.

Иванов истакна дека во Анкара сите следиме што ќе се случи, бидејќи источната граница на Турција и така е премногу сложена.

„Ситуацијата е многу сложена, овој напад е очекуван како одговор на децениската нивна тивка војна. Тоа резултираше со одмазднички напад којшто одредени аналитичари, експерти и служби преку нивните канали имаа најава дека ќе се случи овој напад. Добро е што двете страни барем сега за сега, од израелска страна нема некоја посебна најава, па изгледа дека и овој напад ќе помине како оние циклични напади и меѓусебни обвинувања. Но не треба да се занемари ниту еден дел од тие индикатори бидејќи навистина ситуацијата се усложнува до ниво каде што веќе гледаме директна размена не само на силна реторика, туку и директни воени активности, кои не држат будни минатите два дена. Во Анкара сите следиме што ќе се случи, бидејќи источната граница на Турција и така е премногу сложена“, истакна во вечерашната Топ Тема д-р Зоран Иванов, асистент професор по меѓународни односи на Економско технолошкиот универзитет во Анкара.

Тој рече дека во моментов Турција има заземено позиција да го промовира мирот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе