Вести Свет Топ вести

Бајден: Поддршката на САД за Израел е непоколеблива

Последните неколку недели се чини дека САД започна полека да го губи трпението со Израел, поради начинот на кој Тел Авив ја води војната во Газа. Но по иранските закани изминативе денови дека жестоко ќе одговорат на нападот врз иранскиот конзулат во Сирија, во кој загинаа 13 лица, САД директно му порачаа на Техеран дека било каков потег против Израел ќе наиде на жесток одговор од Вашингтон.

Иако во текот на викендот Бајден изјави дека не се согласува со стратегијата на Нетанјаху во Газа, синоќа американскиот претседател порача дека американската поддршка за Израел е непоколеблива.

  • „Како што му реков на премиерот Нетанјаху, нашата посветеност на израелската безбедност против ваквите закани од Иран и неговите извршители е непоколеблива. Ќе повторам, непоколеблива. Ќе направиме сѐ што можеме за да го заштитиме Израел“ – Џо Бајден – Претседател на САД.

Претходно иранскиот врховен лидер Ајатолахот Хамнеи во телевизиско обраќање изјави дека нападот врз конзулатот во Сирија бил како напад врз иранска територија. „Злобниот режим мора да биде казнет, и ќе биде казнет“, тврдеше Хамнеи во обраќањето.

Безбедносните аналитичари сметаат дека Иран не ги поседува неопходните капацитети директно да го нападне Израел. Тие не ја исклучуваат можноста иранскиот одговор да стигне преку напад од страна на Хезболах врз северен Израел, но досега либанските милитантни се задржуваа само на спорадични и ограничени напади, доволно само да ја демонстрираат својата поддршка за Хамас и Палестинците во Газа.

Дел од американските медиуми објавија дека министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски емирати, Катар и Ирак, неделава се сретнале со иранскиот министер за надворешни, за да му пренесат порака од советникот на Бајден за Блискиот Исток, Брет МекГурк, дека треба да ја смират реториката и да ја деескалираат ситуацијата.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Дејан Дејан

Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Дејан Дејан

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе