Вести Македонија

Вклучен „аларм“ во Тетово: Речиси секој ден се регистрираат напади од бездомни кучиња

Алармантна станува ситуацијата со бездомните кучиња во Тетово. Речиси и да не поминува ден без да има случај на регистирани напади. На пример на 13-ти месецов 6 лица биле каснати од куче.

Граѓаните се жалат дека ги има премногу, се движат во глутници и се агресивни, напаѓаат.

„Ми се пуштија група од околу 20 кучиња, тоа беше страшно. Глутница на кучиња. Рипав во височина, носев јадење во раката за постар човек и ми се истури на земја јадењето, подобро е што се истури на земја им се одвлече вниманието, почнаа кучињата да јадат и не ме каснаа, едвај се извлеков“.

 

„Кучињата многу ни пречат. Живеам кај стадионот, не можам да излезам од домаз за да одам до центар треба да викнам такси“.

Дека состојбата низ годините значително се влошува покажуваат и податоците на полицијата. За нецели 3 месеци од оваа година, бројот на регистирани каснувања е речиси половина од вкупниот број случаи за ланската година.

Годинава во СВР Тетово се пријавени 31 каснување од кучиња бездомници. Минатата, 2023 година 73 каснувања, додека во текот на 2022 имало вкупно 59 вакви случаи. Овие бројки се однесуваат само на поширокото тетовско подрачје, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од Општина Тетово повторно со ветување дека ќе се изгради стационар, за што процедурата е во тек.

„Знаме дека ова е сериозен проблем што го имаат сите градови во државата. Ние како Совет одвоивме средства за оваа намена, се работи за околу 4 милиони денари за третирање на кучиња скитници и изградба на стационар за третирање на кучињата“, изјава Бесар Дурмиши, претседател на Совет на Општина Тетово.

Инаку, последниот договор локалната самоуправа го потпиша со Амос шелтер во јули 2022 година, со времетраење од 1 година. Притоа беа заловени 82 кучиња, но според проценките на ветеринарите во Тетово има повеќе од 500 бездомни кучиња.

 Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе