Вести Македонија

Тошковски: Дополнително полициско присуство на изборите во Тетово и Гостивар

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вели сомнително е што СВР Тетово доби нов началник на неколку дена пред неговото доаѓање на функција. Тврди дека Владата не дозволика да биде сменет.

Во изјава за „Радио слободна Европа“ Тошковски тврди дека со началникот се сретнале и добил гаранција дека ќе има мирни избори, но сепак најавува засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

„Суштински проблем е зошто токму владата флагрантно го крши законот и тоа законот за влада особено одредбите кои се поврзани со изборите и при тоа се дрзнува да не ми дозволи мене како министер кој е предложен од страна на опозицијата, да постави началник само на еден сектор за внатрешни работи, а тоа е СВР Тетово. При тоа да не му дозволи на дополнителниот заменик министер кој што доаѓа од редовите на СДСМ да постави дополнителен началник на СВР Тетово, кое што е надлежно да се грижи за безбедноста и за фер и демократски избори токму на реонот Тетово, Гостивар и околината“, вели Тошковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе