Борба против Лажни вести Вести Македонија Топ вести

ДИК постојано работи на заштита на податоците на избирачите и заштитата од хакерски напади

Државната изборна комисија (ДИК) во контиунитет работи на заштита на податоците на избирачите и заштитата од хакерски напади. За таа цел донесена е ИКТ Стратегија и формирано Меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, информираат за МИА од ДИК.

  • Во однос на вашето прашање за заштита на податоците на избирачите и заштитата од хакерски напади, ве информираме дека Државната изборна комисија во континуитет работи на овие прашања и за таа цел ја донесе ИКТ Стратегијата на Државната изборна комисија со Акциски план и формираше Меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, кое е во постојана кооординација за сите прашања во однос на безбедноста на податоците и заштитата од хакерски напади, посочуваат од Државната изборна комисија.

Пред неколку дена повторно имаше хакерски напади во некои институции и во јавноста се отвори прашањето за заштита на личните податоци на избирачките и заштита од хакерски напади на ДИК имајќи ги предвид претстојните претседателски (28 април) и парламентарни избори (8 мај).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Дејан Дејан

САД ја запреа испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

Кои имиња ги пополнија собраниските фотелји – анализа на Телма на освоените мандати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе