Вести Македонија Најважни

Преговори за влада од следната недела, ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите

Економски силна држава, преку реформи за повисок животен стандард. Фронт против криминалот и корупцијата, правда, како и реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи. Ова се контурите на рамката врз која ВМРО-ДПМНЕ ќе преговара за постизборно коалицирање со останатите партии. Принципите се утврдени на претпладневниот состанок на лидерот со партиското раководство.

Комуникација засега имале само со опозициските партии на Албанците, а со останатите партии од македонскиот блок, кои постигнаа добар резултат на изборите, ќе почнат разговори од следната недела.

За изјавата на министерот Крешник Бектеши, дека на 9 мај, Мицкоски треба да ја побара Мала Речица на мапи на Гугл, Муцунски рече дека токму таквиот тип на дрско однесување на целото раководство од ДУИ и на дел од раководството на СДСМ, е причината за вчерашниот резултат.

На прашањето, дали и уставните измени ќе бидат дел од реформите, најавени за првите 100 дена на новата влада, Муцунски одговори дека попустливата надворешна политика на Бујар Османи, кој исто така треба да ја избрише локацијата на Министерството за надворешни работи од мапи на Гугл, ја доведе државата во непосакувана ситуација. Рече и дека, ставовите за начинот и решението на прашањето се веќе познати и се наоѓаат во изборната програма. Огромната разлика во гласови, за нив е сигнал дека, очекувањата се големи, а со тоа и одговорноста.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Дејан Дејан

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе