Вести Македонија Топ вести

Сите се прогласија за победници во албанскиот блок, но кој ќе биде иден партнер во Владата?

Иако имаат шест мандати разлика, двете групации во албанскиот политички кампус, коалициите „Вреди“ и „Европски фронт“, прогласија победа на вчерашните парламентарни избори. И едните и другите со свои аргументи ја образложија победата и најавија дека следниот чекор е влез во идната Влада. Лидерите на коалицијата „Вреди“ се децидни дека го имаат мнозинството на гласовите Албанци, ДУИ цврсто на ставот ние имаме најмногу освоени мандати по ВМРО-ДПМНЕ.

Од седиштето во Мала Речица, претседателот на ДУИ, Али Ахмети порача дека по вчерашните избори со освоени 19 мандати коалицијата „Европски фронт“ е втора политичка сила во државата и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги почитува освоените гласови, бидејќи на Македонија и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото и почеток на преговорите за членството во ЕУ.

Лидерите на партиите здружени во Коалицијата „Вреди“ ја прославија победата неколку часа пред ДУИ, прво во штабот во Скопје а потоа и на плоштадот во Тетово. Со над 100.000 гласови на своето конто и освоени 13 мандати од „Вреди“ се прогласија за легитимен победник во албанскиот блок и легитимни претставници на Албанците, бидејќи нивните гласови биле чисто албански.

Одлуката за евентуално коалицирање останува кај ВМРО-ДПМНЕ како апсолутен победник на парламентарни избори, но ако се суди по сликата од средбата која се одржа во понеделникот во штабот на плоштадот Скендербег, коалицијата „Вреди“ е во предност.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палевски бара адвокати, Телма ги открива нивните имиња

Дејан Дејан

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Обид за компјутерска измама со податоци на владата- Нема таква мерка од 100 евра, граѓаните да внимаваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе