Вести Македонија Топ вести

Тошковски: Обрасци за пасоши има до средина на мај, во март ќе се фотографираат рекорден број на луѓе

Преписката помеѓу министерот за внатрешни и претседателот на техничката Влада продолжува. Првиот човек на МВР денеска повторно го коментираше ставот на Џафери, кој кажа дека има време до изборите, за луѓето кои немаат документи да стигнат да извадат пред гласањето.

Тошковски ја оцени како несериозна изјавата на премиерот. Нема време за чекање, затоа што за кратко се затвора избирачкиот список.

„Станува збор за потреба од утврдување, согласно закон, на можност со патните исправи со старото име со важечки датум до денот на одржување на изборите, за македонските граѓани да можат да го остварат правото на глас. Немаме 50 дена, затоа што на 18 март се затвора избирачкиот список“, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

За два месеца ќе бидат исцрпени обрасците за пасоши кои сега се достапни за печатење. Во март ќе бидат фотографирани рекорден број на граѓани.

Тошковски вели дека сега не се чека пред вратите на полициските пунктови со часови. Но, ограничениот капацитетот на машините за печатење на пасошите е главна пречка.

„Во месец март ви гарантирам дека само во Скопје ќе бидат фотографирани над 100.000 граѓани. Но, факт е дека овој генерален проблем нема да го решиме во овој период. Оној ангажман којшто го имаме сега во овој временски период е во насока да обезбедиме дополнителна количина на пасоши, за да го продолжиме континуитетот на производство на патните исправи и да не ги заклучиме машините во средина на мај“, додава Тошковски.   

Претходно, од МВР информираа дека се бара начин и за граѓаните кои имаат термин во април, да бидат повикани барем еден месец порано на сликање, како што се повикуваат оние со закажан термин за подоцна.

Нова поголема пратка со обрасци се очекува во јуни. А, според досегашната динамика, месечно се произведуваат 75.000 до 80.000 пасоши.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе