Вести Македонија

Од љубов до војна на кумановската политичка сцена: Кој го пријави и за што е обвинет Максим Димитриевски?

Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ и претседателски кандидат кој е еден од 7-те претенденти за добивање на 5-годишен мандат во вилата Водно сега е обвинет за кривично дело за кое е предвидена законска казна до 5 години затвор.

Според информациите на Телма, кумановскиот градоначалник Димитриевски е обвинет за дело злоупотреба на службена положба и овластувања по член 353 став 4 и конкретно се однесува на предизвикана значајна штета

Член 353 став 4 (измени од септември 2023-та)

Ако сторителот на делото од ставот (1) на овој член (гласи: Службено лице кое ќе преземе службено дејствие со кое ќе ги пречекори границите на своите службени овластувања или нема да ја извршува својата службена должност со намера да прибави за себе или за друг некаква имотна корист или на друг да му нанесе штета, или потешко да ги повреди правата на друг) со намера прибави за себе или за друг значителна имотна корист или нанесе значителна имотна штета, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Обвинението се однесува на активности од април и мај ланската 2023-тата година.Тогаш по 4 добиени градежни дозволи, двете компани пријавувачи на Димитриевски, УПМ Груп ДООЕЛ и Хромак ДООЕЛ (двете од Куманово) поднеле барање за пресметка за надомест за уредување на градежно земјиштекое барфање е заведено под број 21-УП 1 -4756 од 06.04.2024.

Димитриевски иако имал законски утврдена обврска согласно законот за градење да во рок од два дена по комплетирање на документацијата односно од приемот на позитивно мислење односно согласност да биде заверен основниот проект од страна на Секторот за урбанизам при општината и да достави до оштетените правни лица како баратели известување со пресметка за плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште истото не го сторил со што го прекршил член 59 став 11 од Законот за градење.

Кумановскиот градоначалник се товари и дека не постапил ни по наредби и одлуки на други државни органи и не одлучувал при наведените барања за наплата на комуналии со што двете фирми пријавиле дека им била нанесена штета од 3.351.800 денари (околу 55 илјади евра).

Обвинителството потврди дека е поднесен обвинителен предлог по кривична пријава од две фирми, во врска со Законот за градење. Спроведена е и завршена претходна постапка во која се прибрани сите докази по што е поднесено обвинението, одговорија од обвинителството за Телма.

Кумановскиот градоначалник смета дека станува збор за злоупотреба на владеачката партија и дека е под прогон на СДСМ во моментите кога стана претседателски кандидат и се подготвува за кампања. Максим Димитриевски ги обвини двете фирми (особено сопственикот на УПМ кој е и сопственик на Делукс, фирма за продажба на автомобили)  дека се блиски до СДСМ, со многу тендери добиени во време на владеењето на оваа партија.

Максим Димитриевски беше член на СДСМ до 2021-ва кога настапи како независен кандидат откако партијата избра друг кандидат за градоначалник на Куманово. Како независен кандидат успеа да победи во Куманово  и да ја победи партијата откако во претходните 6 локални избори, во таа општина секогаш победуваше СДСМ (во 2017-та и Димитриевски беше нивен кандидат).

Обвинение за Максим Димитриевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе