Вести Македонија Најважни

Обвинение за Максим Димитриевски

Кумановскиот градоначалник и кандидат за претседател, Максим Димитриевски доби обвинение за злопупотреба на службена положба и овластувања. Кумановскиот обвинител, Иса Сулејмани поднел обвинителен предлог по кривичната пријава на две кумановски фирми дека не им издава градежна дозвола за изградба на висококатница и покрај тоа што, адвокатскиот тим на Димитриевски барал тој да биде изземен поради пристрасност и селективно постапување во предистражната постапка.

Димитриевски тврди дека постои стручно мислење од експерти за случајот, кое обвинителот не го земал предвид. Во ова гледа политички прогон од страна на власта, преку нивни сателити во обвинителството и Уставниот суд, со цел предизборно да го дискредитираат.

Од обвинителството потврдија дека е поднесен обвинителен предлог откако се прибрани докази во претходна постапка по кривичната пријава на двете фирми.

Кумановските фирми „Делукс ауто“ и „Хромак“ тврдат дека претрпеле штета од 55.000 евра, затоа што не им издал решение за наплата на комуналии за објектот. Го обвинуваат дека не го почитувал законот за градење и одлуките на уставниот суд.

Спасовски тврди дека не се работи за висококатница, туку за зграда од седум ката, 150 метри подалеку од училиштето. Негираат дека се спонзори на владеачка партија, како што ги обвинува Димитриевски, тврдејќи дека во последните неколку години добиле само еден државен тендер, за разлика од претходно, кога добивале и повеќе.

Фирмата „Делукс“ на Боби Спасовски во јавноста е позната по тоа што во периодот меѓу 2018-та и 2021-ва година реализираше повеќе тендери и продаде десетици автомобили на државните институции, најмногу на МВР кога министер беше Оливер Спасовски, но доби тендери и од кабинетот на Претседателот, Централниот регистар, Царината и Министерството за одбрана. Фирмата се поврзуваше и со лиценци за канабис, како и со бизнисот со соларна енергија.

Во времето на претходниот градоначалник на Куманово, оваа фирма добила и неколку општински тендери за набавка на резервни делови и поправка на патнички моторни возила.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе