Вести Македонија Топ вести

Димитриевски во „Вин-Вин“: Работам и ќе работам по закон, денешната кривична ниту ме изненадува, ниту ме обесхрабрува

Оваа кривична пријава не ме изненади. Не знам која е под ред. Секогаш во избори, пред избори, во кампања, се соочувам со такви постапки, изјави кандидатот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма, во врска со обвинителниот предлог против него што беше поднесен денеска за злоупотреба на службената положба.

„Ова е една во низата обиди на актуелната политичка гарнитура која што владее со државата, повторно да се обиде да изврши притисок. Тоа воопшто не ме обесхрабрува. Јас сум човек кој од првиот мој ден како градоначалник, а така планирам да работам ако бидам избран и за претседател на државата, ќе работам исклучиво по закони“, изјави Димитриевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе