Вести Македонија Топ вести

Загина во Сплит, како војник на ЈНА – Кавадарци ќе гради фонтана во чест на Сашко Гешовски, првата жртва при распадот на СФРЈ

Фонтана во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија, започна да се гради во Кавадарци, информираа денеска од локалната самоуправа. Споменикот ќе никне на најстариот кружен тек во градот, кој го доби неговото име.

„Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2,7 милиони денари“, соопштија од Општината.

Гешовски е првата жртва што Македонија ја даде при распадот на поранешна Југославија. Сашко загина во Сплит во 1991 година на 20-годишна возраст, како војник.

Активностите се дел од програмата на Општината за одбележување на значајни настани и истакнати личности.

Обележјето ќе биде поставено на зелена површина. Во околината е предвидено да се посадат цвеќиња во шарени бои, симбол на радоста и среќата, како и нискоџбунести дрвја.

На пониската страна од полукружната фонтана ќе биде испишана мислата „Хероите живеат вечно. Храброста и лојалноста остануваат засекогаш врежани во меморијата на една нација“. На повисоката страна, со бронзени букви ќе бидат испишани датумите на раѓањето и загинувањето на Гешовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе