Вести Македонија Топ вести

Мечката што го нападна данскиот турист ги бранела своите мечиња, скијачот префрлен во болница

Со повреди се здобил дански турист по напад од мечка на Шар Планина. Тој со возило на итната помош е пренесен во болница каде му биле санирани раните.

Немилиот настан се случил утрово надвор од скијачки патеки во месноста Јелак, во близина на Попова Шапка, кога тој заедно со група скијачи учествувал во “фрирајд“ скијање.

  • „Групата застанала да одмори, но во нивна близина се нашле две мали мечиња и веднаш потоа изрипала мечка исплашена за своите мечиња нападнала еден од туристите гризнувајќи го за ногата. Веднаш потоа мечката побегнала. Повредениот турист бил качен на ратрак, донесен до Попова Шапка, од каде што го презела екипа на итната медицинска помош од Тетово и бил префрлен до една од тетовските болници, каде раната била исчистена и преврзана“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центар за управување со кризи.

Поради повеќе пријави за зголемен број на мечки околу скијачкиот центар од Центарот за управување со кризи велат дека во соработка со надлежните институции ќе се бара решение за поголема безбедност на туристите.

  • „ЦУК ќе иницира неколку работни средби со раководството на НП Шар Планина да се изнајде решение со кое што ризикот за граѓаните кои доаѓаат или планинарат да биде намалена, затоа што сепак се работи за територија на која мечките природно припаѓаат“, рече Ангелов.

Жители на повеќе села како во тетовскиот, така и во мавровскиот регион изминатиов период алармираа на опасноста од зголеменото присуство на мечки во населени места, каде најчесто слегуваат во потрага по храна.

Минатата година во октомври едно лице беше нападнато од мечка во близина на Македонски Брод, а го спасиле ловџии кои се нашле во близина. Досега се регистрирани и повеќе напади врз домашни животни и оштетувања на сандаци со пчели, а во некои случаи мечки влегувале и во дворови на куќи.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ се наоѓа во критичен период во процесот на интеграции

Дејан Дејан

Катимерини: Аналитичарите сметаат дека договорот од Преспа нема да биде оспорен

Дејан Дејан

Многу брзо ќе стане јасно дали Северна Македонија сака да оди кон Европа, нема да правиме повеќе отстапки, пораки од бугарскиот државен врв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе