Вести Македонија

Ковачевски: Во првиот мандат на Пендаровски станавме членка на НАТО, во вториот да станеме и на ЕУ

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва од делегатите на 27. Конгрес побара поддршка за кандидатурата за втор претседателски мандат на Стево Пендаровски. Тој порача дека Пендаровски има јасна визија за просперитет на државата и за нејзина интеграција во Европската унија.

„Во досегашниот мандат покажа што значи да се биде претседател за сите. Во неговиот мандат земјата стана членка на НАТО, во вториот мандат да стане членка на ЕУ“, рече Ковачевски.

Истакна дека денеска собрани се над 20.000 потписи за кандидатурата на Пендаровски за претстојните избори и оцени дека ги демантирале сите критичари и скептици кои сметаат дека СДСМ не е најдобрата опција за државата.

„На овој начин најдобро се потврди она што го говорам две години, дека најсилната, најголема и партија која има најголема организациска способност во државата е СДСМ“, рече Ковачевски.

По обраќањето на Ковачевски следува работен, затворен дел, на конгресот, по што ќе се обрати и кандидатот за претседател на државата.

Откако завчера ја најави и официјално кандидатурата за претседател на државата, Пендаровски денеска ги обезбеди и потребните 10 000 потписи за граѓанската кандидатура, кои како што информираше неговиот Кабинет, се собрани  за неполни пет часа.

Пендаровски е на функцијата претседател на државата од 12. мај 2019 година. Првпат беше кандидат за претседател на државата во 2014 година, како кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеа да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Во 2019 година вторпат беше кандидат на претседателски избори, како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други политички партии и го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова. И на овие избори Силјановска Давкова е негов противкандидат. И таа денеска обезбеди 10 000 потписи од граѓаните за кандидатурата, а ВМРО-ДПМНЕ и ја официјализираше поддршката вчера на конвенција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе