Вести Свет Топ вести

(Видео) Доставени 38.000 оброци – САД ја „бомбардираа“ Газа со хуманитарна помош

Американската војска денеска ја изведе првата испорака на хуманитарна помош од воздух во Појасот Газа, соопштија дваја неименувани официјални ликца на САД, пренесе „Ројтерс“.

Доставата на помош, според нив, била реализирана со три авиони од типот Ц-130. Според еден од изворите, помошта вклучувала 38.000 оброци за палестинските цивили.

Белата куќа соошти дека испораките на помош од воздух ќе се реализираат во континуитет и оти Израел ги поддржува таквите акции. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби рече дека САД веруваат оти испораките на помош од воздух ќе придонесат за решавање на тешката хуманитарна ситуација во Газа, но истовремено нагласи оти тие не можат да бидат замена за достава на помош со камиони, туку само дополнување.

Други земји, како Франција, Египет и Јордан и досега испорачуваат хуманитарна помош од воздух за Појасот Газа.

Најмалку 576.000 Палестинци, односно една четвртинја од населението во енклавата се наоѓаат на раб на глад, според Канцеларијата на Обединетите Нации за координација на хуманитарни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе