Вести Свет Топ вести

Си ги убиле децата, па се самоубиле со скокање од 17-катница – трагедија во Нови Сад ја потресе Србија и регионот

Безживотни тела на момче на возраст од една година и тригодишно девојче се пронајдени во стан во Петроварадин, а нивните родители на возраст од 25, односно 23 години скокнале од покрив на 17-катница во Нови Сад и извршиле самоубиство. Лекарите на лице место можеле само да констатираат смрт кај двајцата. Ова е веста што викендот ја потресе Србија и регионот.

Според сознанија на српските медиуми, сомнежите се дека смртта кај децата настапила насилно.

Сè уште не е познато кои се мотивите за оваа незапамтена трагедија. Во тек е полициска истрага која треба да ги утврди причините поради кои родители посегнале по животите на нивните деца, а потоа и по своите.

„Приодот беше морничав. Го паркирав автомобилот пред зграда и местото го минав пешки. Не очекував таква глетка. Ноќеска не можев да спијам. Ова е страшно. И јас имам деца на таа возраст, многу работи ми минаа во мислите. Станарите велат дека не знаат како младите родители влегле во зградата, бидејќи вратата се заклучува, ниту пак слушнале забава или било што во објектот“, изјави еден од станарите за telegraf.rs.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе