Вести Економија Македонија Топ вести

И по една година мостот Беласица чека на најавената санација, a ЕСМ дозвола од Арсовска за да го монтираат топловодот

Ќе помине речиси една година откако беа оштетени во пожар,  но и по толку време ниту мостот Беласица е саниран, ниту новите цевки за парно се поставени.

По мостот се вози само по една лента. Ознаките дека се извршуваат градежни активности со месеци стојат таму. Не се знае точно ниту кога ЕСМ ќе ги завршат работите со новиот топловод коj исто така беше оштетен во пожарот, а е значаен за парното во Скопје.

Во изминатиот  период содржината во нивните соопштенија беше  дека ќе дадат максимални напори, санацијата да се заврши во најкус можен рок. Последното известување од таму е дека се што е под капата на ЕСМ е завршено.

Нашиот дел од работата во делот на санацијата е завршена. Чекаме да дозволи град  Скопје да го монтираме цевководот. За сообраќајот е одговорна градската администрација, се вели во дописот од ЕСМ.

Ги прашавме и во Град Скопје што се случува со мостот, кој е еден од главните сообраќајни артерии, до каде е санацијата и кога ќе биде пуштен целосно за сообраќај, но одговори од таму нема.

Од друга страна пак, од Институтот за земјотреси жалат што од нив како релевантна институција никој не побарал никаква помош ниту мислење. По толку поминато време не знаат што се случува со мостот, а се зачудени и  што никој од вклучените во проблемот ништо не зборува за тоа во јавноста.

Еден доста долг период ЕСМ и Град Скопје се натегаа и за тоа под чија надлежност се работите, односно кој што треба да заврши. Претседателот на РКЕ, Бислимовски  неколку пати упати апел до двете институции да се договорат за да може да се стават новите цевки за парно, а граѓаните да не се соочат со ценовен шок. Поради цевките, регулаторна новата цена на греењето наместо во летните месеци, ја донесе многу подоцна, и од таму посочија дека штетата  која ќе настане поради тоа што не е поставен новиот топловод ќе си ја сноси самата компанија.

Во јули лани Арсовска тврдеше дека наскоро Беласица ќе биде пуштен за сообраќај и ќе биде безбеден.  Дека не станува збор за некој сериозни оштетувања.

Привчно  го задолжи Градежниот факултет да направи инспекциски надзор на мостот ,па откако деканот ги кажа опасностите, го негираше неговото мислење, па го ангажира сеизмологот Михаил Гаревски од Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени.

Неговите проценки беа дека мостот нема да има потреба од посериозна санација. Лани во јуни и тој кажа дека ќе бидат потреби најмалку  три до четири месеци целиот да се санира.  Помина Нова година, а веќе изминува и вториот месец од 2024, а крајот на санацијата никако да се види, но она што е сигурно дека и натаму ЕСМ чека нешто од градот Скопје  за да може да продолжи да работи,  а градските власти се во тотален молк.

Мостот Беласица беше оштетен во пожар кој се случи лани во мај месец.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе