Вести Македонија Најважни

(видео)Возачките и сообраќајните дозволи од утре ќе бидат бесплатни, доставените налепници се потрошија

Возачките, сообраќајните дозволи и патните листи од утре ќе бидат бесплатни. Исто како и издавањето на патните листови за оние што живеат надвор од државата, а имаат потреба да се вратат во земјава за да извадат нова патна исправа.

Битиќи вели дека за оние кои веќе извадиле документи оваа одлука е дискриминирачка и на владина седница се разговарало за ова и се очекува во наредниот период да се најде решение и за нив.

Втор ден како граѓаните доаѓаат во станиците за технички преглед по налепници. Телма направи обиколка во неколку станици. Во дел од нив веќе е потрошена доставената количина и очекуваат нова, некаде пак воопшто не се ни стигнати. Граѓаните сметаат дека во оние технички станици каде што има доволно налепници процедурата оди брзо.

„Земав налепница. Не чекав многу, некои 15 минути и веднаш не услужија“, вели еден граѓанин.

 

„Го чекам полицаецот од МВР за да ми издаде сообраќајна. Постапката оди брзо, дојдов во период кога нема гужва“, вели друга граѓанка. 

 

„Нема налепници уште не се стасани, велат дека до 11 требало да стигнат, но еве веќе помина 11 и уште ги нема“, вели државјанин.

Дел од транспортерите велат дека краткиот рок за исполнување на условите кои произлегуваат од Преспанскиот договор кај нив предизвикал колабс во работењето. Здружението на превозници Кипери велат дека поради тоа нивните возила од денеска остануваат паркирани.

„За една налепница треба да одиш во техничка станица и таму да ја залепат под видео надзор. Тоа е страшна работа“, изјави Трајче Пејовски, претседател на „Кипери”.

350.000 налепници се дистрибуирани до станиците за технички преглед. Од Министерството за внатрешни работи немаат точна бројка за колку возила се потребни налепници. Вчера, во последен момент Собранието го измени законот со кој возачките дозволи со старото име на државата ќе важат до нова година, но само внатре во државата.

Од станиците за технички преглед велат дека имаат доволно обрасци за сообраќајни дозволи со новото име. Од денес оние кои немаат налепница НМК нема да можат да ја напуштат државата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе