Вести Македонија Најважни

(видео)Обрасци за пасоши нема „ни за лек“, министерот за внатрешни вели: „Со Господ напред ќе одат нарачките“

Уште најмалку две недели ќе поминат додека да пристигнат 245 илјади пасоши. Со тоа ќе се надополнат потребните количини на обрасци и делумно ќе се амортизира проблемот на МВР, со издавањето на патните исправи.

Но, целосно решение нема на повидок. „Со Господ напред“ вели министерот Тошковски, запрашан за тоа како ќе одат нарачките понатаму.

Во меѓувреме, фотографирани граѓани сѐ уште не можат ниту да се надеваат дека ќе имаат готов пасош во скоро време.

100 илјади луѓе се сликале во пунктовите, но за огромен дел од нив тука запрела постапката.

Околу 60 илјади се одобрени и внесени во рамки на системот за производство. Во околу 30.000 случаи, граѓаните се фотографирани, но не им е одобрена постапката за да влезат во систем односно чекаат, кога ќе стигнат да се произведат обрасците.

Со Господ напред ќе одат нарачките поради тоа што роковите во рамки на Договорот којшто е потпишан гласи 180 дена рок за испорака. Но, тоа не е основниот проблем. А, јас не можам да му земам за зло на доставувачот односно на производителот, кога му дале таква комоција во договорите. Знаете зошто е настанот проблемот?! Заради лошо планирање и катастрофално менаџирање, изјави министерот во емисијата Топ Тема на Телма.

Доскорешниот премиер Ковачевски возвраќа на критиките. Не се планирало лошо, туку процесите беа отежнати од други фактори, тврди претседателот на Социјалдемократскиот сојуз.

Треба да се истакне дека во текот на изминатите години имавме две години пандемија којашто ги наруши и каналите на снабдување, а наруши и голем број производствени процеси во фабриките коишто произведуваат документација. Секако дека тоа ја наруши можноста за брзо издавање на документи со оглед на тоа дека речиси две години имавме мерки за физичко разграничување на граѓаните и тоа не само во нашата држава меѓутоа и во другите држави во светот, рече поранешниот премиер.

Телма се обиде да добие официјални податоци од Министерството за надворешни работи, дали и во конзуларните претставништва има недостаток на обрасци и дополнително – колку имаат на располагање.

Од МНР засега нема одговор.

Претходно, дел од експертите ги повикаа истражните органи да отворат истрага за тоа што две години по уставните измени се издаваа лични документи со старото уставно име.

Професорот по управно право во пензија, Борче Давитковски, во разговор за Телма вчера посочи дека неможноста граѓаните да излезат од државата е кршење на човековите права и слободи.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе