Вести Македонија

Неколкукратно е намален бројот на македонски државјани што ја преминуваат границата

Граничниот премин Богородица работи со намален проток на патници за влез и излез од државата, откако од полноќ стапи на сила забраната за патување со старите пасоши во кои сѐ уште името на државата е Република Македонија.

Граничните служби коментираат дека бројот на македонски државјани кои доаѓаат и излегуваат од државата на тој граничен премин неколкукратно е намален.

Протокот на патници почна да се намалува уште вчера, кога некои граѓани за последен пат ја минаа границата со старите пасоши. Тие коментираа дека не успеале да закажат термин за промена на личните документи, но и дека при посета на локалните пунктови на МВР биле информирани дека нема обрасци за пасоши и возачки дозволи.

Освен пасошот, проблем при патување надвор од државата ќе има за сите други документи: возачка дозвола, сообраќајна дозвола и зелен картон. Граѓани кои денеска патувале за Грција за Телма се жалат дека контролата на грчкиот дел од границата, на преминот Евзони траела невообичаено долго, а им биле детално прегледувани сите документи.

Граѓаните кои сѐ со пасош со името Република Македонија ќе може да се вратат во државата со патен лист кој се издава во амбасадите и конзуларните претставништва на Македонија во земјите на престој на тие граѓани.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе