Вести Македонија

Ковачевски: Замената на возачките и сообраќајни дозволи до крај на годината ќе предложиме да биде бесплатна

Замената на возачките и сообраќајни дозволи ќе предложиме да биде бесплатна за граѓаните до крајот на годината, најави лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во пресрет на денешната седница на владата.

Тој рече дека досега се заменети над 1,2 милиони патни исправи и над 550.000 сообраќајни и возачки дозволи, објаснувајќи дека на досегашната бројка на издадени документи влијаела двегодишната пандемија со мерки за дистанца која ги нарушила каналите на снабдување и производствени процеси во фабриките за документациите.

„Секако дека тоа влијаеше. Она што е важно, исто така, е дека голем дел од патните исправи се заменети. Секое ширење на паника и давање популистички изјави кои не се во насока на решавање на проблемот, туку се некакво лично себеистакнување не носат ништо добро. Затоа пратеничката група на СДСМ вчера, а нормално и претседателот на Собранието кој сега е од нашата партија дојдоа веднаш до консензус со сите партии, за да се продолжи рокот на важењето на документите за внатрешна употреба и тоа се направи. Нашите министри денеска на седница на Владата ќе предложат решение со кое замената на возачките и сообраќајните дозволи до крајот на годината ќе биде бесплатно, на трошок на државата, за да може да се реализира тој процес до крајот на годината“, рече Ковачевски.

Ковачевски се надева дека Министерството за внатрешни работи со своите управи и раководство ќе успеат навреме да набават обрасци за патните исправи, бидејќи, како што посочи, и тоа е сложен процес, бидејќи не се произведуваат во нашата држава, туку во Германија, а со правилно организирање на процесот тој ќе заврши.

Посочи дека се работи за голема операција за замена на сите лични документи, која произлегува од меѓународен договор ратификуван во нашето Собрание и во Собранието на Грција.

„Би искажал и жалење во однос на она што граѓаните го поминуваат, мора да се биде реален, бидејќи не е едноставно да се нема патна исправа. Меѓутоа, тоа е процес којшто ќе мора сите заедно да го изодиме. Исто така, се покажа уште еднаш дека не е добро да се даваат популистички и лажни изјави бидејќи ние бевме сведоци во текот на изминатите четири години дека каде што дел политичари кажуваа немојте да ги заменувате документите бидејќи ќе го врателе името, сега гледаме дека тие политичари станаа дел од Владата. Тие не велат дека ќе го вратат името назад и дека ќе го сменат Уставот. Таква изјава не слушнав“, изјави Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе