Вести Наука и здравје Свет Топ вести

Први пациенти кои добија експериметална терапија против карцином – клиничко испитување во В. Британија

Првите пациенти во Велика Британија добија експериментална терапија против карцином, заснована на иновативен инженеринг на рибонуклеинска киселина (РНК). Клиничкото испитување на новиот, револуционерен, третман наречен мРНА терапија ќе ја тестира ефикасноста на таквиот медицински пристап во борбата против бројните облици на карцином, пренесува лондонски „Гардијан“.

Експерименталната терапија засега е применета само на пациенти во болницата Хамерсмит во западен Лондон. Целта на клиничкото испитување е воспоставување на проценка на безбедноста и ефикасноста на терапијата во лекување на меланом, рак на градите и други облици на т.н. солидни тумори.

Новиот третман користи генетски материјал познат како месинџер (messenger) РНК или мРНА кој функционира на тој начин што во имунолошкиот систем на пациентот ги препознава вообичаените тумор маркери. Целта на третманот е да ги препознае и да се бори со ќелиите на ракот кои ги ослободуваат тие маркери.

„Новите имунотерапии за рак засновани на мРНК нудат начин за активирање на имунолошкиот систем на пациентот во борбата со ракот“, објаснува лидерот на проектот, доктор Дејвид Пинато од Кралскиот колеџ во Лондон.

Пинато вели дека истражувањето сè уште е во рана фаза и дека може да минат повеќе години пред третманот да стане широко достапен за пациентите. Но, новото истражување ги постави темелите за развој и воведување на помалку токсични и прецизни терапии против канцерогените заболувања.

„Ова ни е неопходно за да можеме да го промениме текот на канцерогените заболувања“, додаде доктор Пинато.

Бројни нови вакцини против карцином во меѓувреме влегоа во фаза на клинички испитувања ширум светот. Тие може да се сместат во две основни категории – персонализирани имунотерапии против рак, кои се потпираат на екстракција на генетски материјал на пациентот од туморите, и на терапевтски имунотерапии против рак, каква што е мРНА терапијата која се тестира во Лондон и која е прилагодена на одреден вид на малигнитет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе