Филмови

СТАРАТЕЛСТВО – сабота, 03 февруари 2024 – 19:15

Антоан Бесон, е убав човек, поранешен сопруг на Миријам, задолжен е за безбедност во болница. Тој е ценет и од претпоставените и од колегите. Добар татко кој е подготвен да биде поблизок со својот единаесетгодишен син Жулиен, и од тие причини избира да биде префрлен во градот каде што живее момчето заедно со неговата мајка и неговата постара сестра Жозефина, која наскоро ќе стане полнолетна. Токму тоа е причината поради која Антоан бара заедничко старателство над Жулиен. Сето тоа би било добро доколку Антоан е човекот каков што се претставува, но неговата сопруга и неговите две деца го познаваат во многу поинаква светлина. Во минатото, Антоан беше далеку од ангел. Напротив, тој умеел да создаде атмосфера на постојан страв, одејќи дотаму, повремено да ја тепа сопругата пред очите на своите деца. Тој лесно се извлекол бидејќи Миријам, сакајќи да избегне уште повеќе проблеми, никогаш не поднесла жалба против него што на крајот се свртува против неа. И покрај фактот што Жулиен не сака веќе да се гледа со својот татко, судијата на семејниот суд го исполнува барањето на Антоан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СРЕЌНИТЕ ЛОГАНОВИ – недела, 05 мај 2024 – 23:50

Дејан Дејан

ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА ТЕБЕ – сабота, 04 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ФЕСТИВАЛOТ НА РИФКИН – сабота, 04 мај 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе