Вести Македонија Топ вести

Транспаренси Интернешнел: Измените на Кривичниот законик одмагаат во борбата против корупцијата

Измените на Кривичниот законик во период кога корупцијата во државата е на многу високо ниво не се воопшто добри и ја одмагаат борбата против корупцијата. Ова е централната порака во индексот на перцепција на корупцијата за 2023 година кој го изработува Транспаренси Интернешнел, а во чиј фокус е работата на правосудните органи. Македонија е рангирана на 76 позиција и има скок од 9 места во однос на 2022. Но индексот покажува дека нема подобрувања бидејќи секој резултат под 50 поени, во која група е и Македонија укажува на сериозни корупциски проблеми во јавниот сектор. Земјата е оценета со 42 поени или 2 повеќе од претходната година.

Како пример дополнително  е наведена изјавата на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми дека постојат политички притисоци врз највисокиот суд, што е  скандалозно и поразително и сериозна индиција за нарушување на независноста на судството. Потоа работата на Судскиот совет, за која ЕУ даде 40 препораки, како и последиците од измените на Кривичниот законик.

  • „Во септември 2023 година, Парламентот на Република Северна Македонија значително го поткопа судството. Нетранспарентно, по брза постапка, пратениците го изменија Кривичниот законик кој доведе до намалување на затворските казни и скратување назастареноста на делата за злоупотреба на службената положба. Ова ќе предизвика застарување на околу 200 претпоставени случаи за корупција, од кои во многу се вклучени поранешни функционери нависоко ниво“, вели Пандовски.

Пандовски додава дека корупцијата е се уште на многу високо ниво и дека нема реално подобрување во работата кај голем дел од институциите кои треба да бидат на чело во нејзиното сузбивање.

  • „Судството и јавното обвинителство кои треба да бидат водечки ентитети во борбата против корупцијата повторно согласно анкетите кои се водеа, а поврзани со довербата на граѓаните со нивното работење покажаа загрижувачки ниски проценти. И онака нискиот процент на доверба од 4 % падна на 1 % што е реален показател на тоа дека главните институции кои треба да ги применуваат законите и да одредат што е во согласност со правото, а што не, треба да имаат огромно подобрување во нивната работа“, посочи Пандовски.

Пандовски го спомена и скандалот со упадот во М-НАВ и додаде дека институциите остануваат глуви на критиките и препораките, а тоа се покажува и со корупциските скандали кои често излегуваат во јавноста.

Марија Митевска

Македонија високо рангирана на листата корумпирани, означена како земја со сериозни проблеми со корупција

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Обид за компјутерска измама со податоци на владата- Нема таква мерка од 100 евра, граѓаните да внимаваат

Дејан Дејан

Ајатолахот Хамнеи го назначи првиот потпретседател Мокбер за вршител на должноста претседател на Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе