Вести Македонија

Македонија високо рангирана на листата корумпирани, означена како земја со сериозни проблеми со корупција

Време е да се стави крај на неказнивоста на корупцијата. Индексот на перцепција за 2023 година покажува дека оваа појава во светот бележи напредок.

Последното истражување на Транспаренси интернешнал за перцепцијата на корупција опфати 180 земји ширум светот, оценети на скалата од 0 – 100 каде оцека 0 е за многу корумпирани земји, а оценка 100 за земји со многу мала корупција.

Според ова рангирање во кое е опфатена и Македонија, земјава го зазеде 76то место со индекс на корупција од 42, што ја означува Македонија како земја со сериозни проблеми со корупција.

Споредено со претходната година бележи благ пораст на индексот на перцепција односно минатата година земјава имала за 2 поени повисока корупција.

Измените во Кривичниот законик се наведуваат како главна забелешка за слабиот напредок во земјата во борбата против корупцијата. Но, тие се и причина за загриженост, како и „политички мотивираните назначувања и разрешувања на судии“.

Македонија е заедно во групата со Кина, Бахреин, Куба, Унгарија, Молдавија и Тринидад и Тобаго.

Она што може да се забележи од овој извештај е дека над две третини од земјите имаат резултат под 50, што силно укажува дека имаат сериозни проблеми со корупцијата.

Глобалниот просек е заглавен на само 43, додека огромното мнозинство земји не постигнале напредок или опаѓале во последната деценија.

Глобалниот тренд на слабеење на правосудните системи ја намалува одговорноста за јавните службеници, што овозможува корупцијата да напредува, се нотира во извештајот на Транспаренси интернешнал, од каде додаваат дека и авторитарните и демократските лидери ја поткопуваат правдата.

Проценките се дека корупцијата ќе продолжи да напредува се додека правосудните системи не можат да го казнат престапот и да ги држат владите под контрола.

Лидерите треба целосно да инвестираат и да ја гарантираат независноста на институциите кои го почитуваат законот и се справуваат со корупцијата, се вели во анализата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Обид за компјутерска измама со податоци на владата- Нема таква мерка од 100 евра, граѓаните да внимаваат

Дејан Дејан

Ајатолахот Хамнеи го назначи првиот потпретседател Мокбер за вршител на должноста претседател на Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе