Вести Македонија Топ вести

Комисиска расправа за избор на уставен судија- Ана Павловска Данева предлог на СДСМ

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на седница се очекува да расправа по единствената точка на дневен ред – утврдување на предлог за избор на судија на Уставен суд.

За уставен судија, според материјалите објавени на веб-страната на Собранието, е предложена универзитетската професорка Ана Павловска Данева.

На првата седница за оваа точка одржана на 25 јануари не беше утврден дневниот ред.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа појаснување зошто е повлечен претходниот предлог за уставен судија, односно Љубомир Јовески да биде уставен судија.

Воедно посочија дека со новиот предлог за судија не се запазени важни услови.

Првиот е да има департизација, тоа значи тој што е судија да нема политичка активност или политичка определба.

Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија.

Тој тогаш изјави дека изненадувачки и вулгарно било тоа предлогот да биде повлечен без да се наведат основни причини за тоа поради што му била нанесена штета.

Уставниот суд подолг период работи во некомплетен состав, бидејќи постапката за избор на нови членови заглави во Собранието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Дејан Дејан

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе