Вести Македонија Топ вести

Водата се одлеала, нивите навадени, а парите ги нема – ревизија за МЖСПП покажува дека буџет останал покус за 1,4 милиони евра

Поради констатирани низа неправилности и неусогласености, државните ревизори изразија неповoлно мислење за финансиските извештаи на Министерството за животна средина. За Програмата за управување со водите за 2022 година не е воспоставен објективен и реален систем на избор на проекти, критериуми и правила за реализација. Државниот Буџет останал покус за 1,4 милиoни евра, затоа што за истата година не е наплетен надоместокот за искористена вода. Во ревизорскиот извештај се наведува дека Министерството им понудило можност на компаниите да ги плаќаат заостанатите долгови на рати, но тие не ги исплатиле обврските.

„Склучени се спогодби со давателите на водни услуги за плаќање на рати на ненаплатениот  надомест за користење и испуштање на вода во вкупен износ од 1,8 милиони евра. Заклучно со септември 2023 година од достасаните месечни рати, наплатени се 23 милиони денари, а за наплата остануваат 1,4 милиони евра“, се наведува меѓу другото во извештајот на ДЗР.

Ревизорите констатирале неправилности и при уплатата на еколошкиот надоместок при регистрација на моторни возила и пловни објекти, ненавремено и нецелосна наплата при собирање на надомсетокот за А и Б еколошки интегрирани дозволи. Утврдени се неправилности и при распределба на парите од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива. Министерството во 2020 година на девет општини им поделила 26 милиони денари наменски дотации.

„Констатирано е дека четири од овие општини не доставиле програма поради тоа што средствата кои им се доделени не се доволни за целосна реализација на проектите, додека пак за неискористените средства не постои законски основ истите да бидат префрлени во наредната година“, се наведува во ревизорскиот извештај на ДЗР. 

Неправилности со извршената ревизија се констатирани и во евиденцијата и наплатата на надоместокот за биоразградливи кеси, не целосен извршен попис на средствата, побарувањата и обврските, не се евидентирани дел од деловните објекти кои ги користи Министерството, како и неправилности во дел од јавните набавки, за кои се дадени препораки во насока на преземање на мерки и активности за нивно надминување.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ се наоѓа во критичен период во процесот на интеграции

Дејан Дејан

Катимерини: Аналитичарите сметаат дека договорот од Преспа нема да биде оспорен

Дејан Дејан

Многу брзо ќе стане јасно дали Северна Македонија сака да оди кон Европа, нема да правиме повеќе отстапки, пораки од бугарскиот државен врв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе