Вести Македонија Топ вести

Бумерангот наречен „семејната фирма М-НАВ“

„Семејната фирма“ како бумеранг се врати кај функционерите во Владата кои сега се обидуваат да релативизираат или објаснат како нивни роднини случајно или не работат токму во држанвата а семејна М-НАВ.

Премиерот Ковачевски кој прстот го впери во претседателот на Синдикатот Александар Тасевски како пример за неговиот став „семејна фирма“ новинарските прашања ги испрати на адреса на функционерите кои имаат роднини во М-НАВ и смета дека имал принципиелен став. Порача дека треба да се испитува и во други државни институции и министерства.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, за кого истражувањето на „КОД“ покажа дека има внук кој работи во М-НАВ, наместо одговор со лекција за новинарите и медиумите како и за кои теми треба да известуваат откако беше прашан за неговите роднини кои работат или работеле во М-НАВ. Ставот на неговиот надреден, премиерот, не го коментираше, а за своите блиски во М-НАВ, кажа дека биле повеќе од квалификувани.

Јавноста сеуште чека на прелиминарните извештаи и наоди на Финансиската полиција која почна да копа по документација во М-НАВ минатиот вторник и трудовиот инспекторат чиј надзор почна во четвртокот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе