Култура Топ вести

Успешно завршен првиот дел од процесот за враќање на украдените македонските икони , однесени во Албанија

По десет години процес за враќање од Албанија на украдените икони од Македонија, отуѓени во периодот меѓу 2008 и 2023 година, на почетокот на викендов беа вратени 20 и однесени во Музејот на Македонија . А, една икона беше донесена лани при потпишувањето на договорот за реституција меѓу нашиот премиер Ковачевски и албанскиот, Рама. Процесот за враќање на иконите бил сложен и вклучувал повеќе фази , вели Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ и вработен во тамошниот Истражувачки центар за културно наследство, кој беше ангажиран на овој предмет заедно со Министерството за култура и Јавното обвинителство.Потребно било вели тој, совладување на правната регулатива и консултирање на меѓународните конвенции, откако во албанските медиуми Цветковски ги препознал нашите икони, изложени во албанската Национална галерија.

  • Тоа беше поврзано со таа една долга судска постапка која се водеше во Албанија. Додека таа постапка не се заврши до крајот на 2017- почетокот на 2018 година, ние не можевме ни да го официјализираме нашето барање кон албанската страна. Значи од тогаш сите работи добија своја динамика, вели Цветковски од Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ.

За да се докаже нашата сопственост на иконите, во меѓувреме на барање на Албанија, била доставена старата документација од 50 и 60 години на минатиот век, но и новите истражувања , направени во Западна Македонија зашто главнината од украдените 20 икони се од цркви од струшкиот и преспанскиот крај. А, во обезбедувањето на доказите , за да бидат осудени сторителите била ангажирана јавната обвинителка Маја Конеска.

  • Доказите не беше тешко да се обезбедат , бидејќи тие веќе беа обезбедени и беа во нашите архиви , во полициските и обвинителските. И се водеа како докази кои се однесуваат на непознати сторители кои извршиле кражба во нашите цркви и манастири, во Западна Македонија. Тие докази беа собрани оној момент кога се виде дека му се потребни на обвинителот Един Каранџа од Тирана, да го докаже предметот во однос на иконите. И ние со тие докази и со вештачењето , успеавме да докажеме дека иконите се навистина наши, вели обвинителката Конеска.

Во петокот при превземањето на 20 икони, нашата делегација предводена од министерката за култура Костадиновска- Стојчевска, направила увид во депото на албанското министерство за култура и тамошниот Институт за заштита на културното наследство, каде меѓу над 1000 грчки и албански, се наоѓаат идентификувани уште 37 икони украдени од македонските малорекански цркви. Неделава со писмо од нашето министерство за култура , дополнето со документација за описот и фотографии на иконите, до албанското министерство ќе биде официјално испратено барањето за враќање и на овие икони, дополнува Цветковски.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Каевски и Мојсовски ги отфрлија обвинувањата за злоупотреба на спортски ваучери, велат тие се политички мотивирани

Дејан Дејан

(ФОТО) Протестите во кампусот на Универзитетот во Калифорнија поради војната во Газа прераснаа во насилни судири меѓу ривалските групи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе