Вести Свет Топ вести

Вонредни парламентарни избори се одржуваат утре во Србија

Вонредни парламентарни избори се одржуваат утре во Србија по неполни две години. Граганите ќе избираат 250 пратеници во српскиот парламент. Во колективната листа за парламентарните избори, има 18 листи со 2.818 кандидати за пратеници. Кога станува збор за изборите во Белград, граѓаните ќе избираат од 14 изборни листи.

Гласање ќе има и на покраински избори во Војводина како и на локални избори во 65 градови и општини.

Први кои поднесоа изборна листа е коалицијата на владеачката Српска Напредна Странка (СНС), партијата на претседателот Александар Вучиќ. Кандидат за градоначалник на Белград од оваа партија ќе биде досегашниот градоначалник Александар Шапиќ.

Според една анкета, опозициската коалиција „Србија против насилството“ (СПН), има големи шанси да победи на локалните избори во Белград.

На утрешните избори за пратеници ке гласаат 6.500.666 грагани. За овој конечен број на гласачи, одлука донесе републичката изборна комисија на Србија.

Изборниот циклус на изборите за пратеници ќе го следат 5.587 набљудувачи. Претседателот на РИК на Србија, Владимир Димитријевиќ изјави дека ова е рекорден број домашни и странски набљудувачи.

„ Резултатите нема да бидат јавно објавени или истакнати додека не се затворат сите избирачки места во Србија“, изјави Владимир Димитријевиќ претседател на РИК на Србија .

Избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 20 часот.

Републичката изборна комисија најави прес-конференции за време на изборниот ден.

За српските државјани во Македонија, ќе се гласа во амбасадата на Србија во Скопје и во Куманово.

Марија Коцева

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбележување на 75 години од постоењето на најстариот Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Македонија

Дејан Дејан

Прво обвинение за осомничените соучесници, а подоцна и за Палчо

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе