Вести Македонија Свет

ФОТО: Захарова обвинува за провокација кон Русија поради „Резервирано за НАТО“

Руската амбасада во Скопје на ФБ обвинува за провокации кон министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на министерскиот совет на ОБСЕ.

Пренесувајќи објава на портпаролка на руското МНР Захарова со фотографии од листови на кои пишува дека местото за Лавров всушност е резервирано за НАТО.

Захарова на својот канал на Телеграм напиша:

-На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО.

Нема објаснување дали рачно напишаната резервација е најдена на местото на Лавров или на руската делегација и дали навистина македонската организација на ОБСЕ-состанокот ги резервирала местата со ваков тип на ливчиња.

Захарова и при синоќесшното доаѓање во Скопје (поради нејзиното присуство во авионот покрај Лавров, Бугарија забрани прелет на авионот со врвот на руската делегација) објави пост на нејзиниот Телеграм канал во кој дури го употребува и зборот „непријател“.

-Сергеј Лавров пристигна во Македонија за да учествува на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ. И покрај непријателските интриги (махинации), ние сме во Скопје, објави портпаролката на МНР Захарова, со видео како ВИП колоната на Лавров излегува од паркингот на скопскиот аеродром.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистрирани 150 земјотреси во близина на Неапол во јужна Италија

Дејан Дејан

Телма дознава: Приведен е Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе