Вести Свет

Со јога и уметност против траумата и тагата – „Цезарија“ за внатрешен мир на преживеаните од нападот на Хамас

Концертот, кој требаше да биде јавен настан од забавен карактер и кој требаше да пренесе мировна порака, се претвори во мрачен ден кој на голем број млади луѓе им создаде доживотни трауми. Додека тие се забавуваа на музичкиот концерт на само три километри од границата со Газа, кога врз нив беше отворен оган и за кратко станаа првите жртви на дивеењето на Хамас.

Преживеан сведок, кој сега се бори со траумите, раскажува за новоформираниот центар наречен Цезареја. Таму семејствата на жртвите можат да пронајдат предметите од нивните најблиски. Просторијата е опремена со материјали за сликање, може да се одржуваат часови по јога, да се прават фигури од керамика, но и да се плаче.

„Работилниците, мислам дека ти даваат надеж. Ти даваат место да си она што си во тој момент. И како што пишува на прекрасниот ѕид, дозволено е да плачеш и тоа е неопходно“, вели Тал Шимони, преживеана заложничка.

Очила за сонце, облека и еден куп аксесоари оставени на земја, зборуваат за немилиот настан кој се случил на 7 октомври 2023 година. Шимони се сеќава на моментите на нападот кога луѓето бегале оставајќи облека и разни други предмети зад себе.

„Таму имаме облека која ја оставија луѓето додека бегаа од нападот. А тоа е облеката на преживеаните и убиените и ние дозволуваме и ги повикуваме нивните фамилии и пријатели да ја земат. Да ја земат облеката, да ги земат своите работи, да пребараат тука и да видат дали ќе ги пронајдат своите работи. Видовме многу среќни мигови, каде луѓето ги пронајдоа своите работи и некои сентиментални предмети што тие ги бараа“, истакнува Шимони. 

Војската на Хамас зароби 240 заложници. Семејствата на убиените, заробените и преживеаните бараат искра надеж за да го преживеат она што го виделе.

„Многу голем дел од нацртаните скици и цртежи имаат значење за луѓето, кое е светлото што ќе искочи од темнината? На самиот крај ние сме Нова, племето на светлината. Токму поради тоа ние од секогаш сме биле тука, ние секогаш се трудиме да ја најдеме светлината во темнината и ние потребна помош за да искачиме од ова односно да поминеме низ ова искуство. Ова болно искуство, ова тешко искуство. И со цел за ова племе да продолжи, ни е потребна помош. Ни е потребен овој простор за да може како општество заедно да се опоравиме“, вели Шимони.

Просторија со светли бои, каде преовладува мир и хармонија. Сосема спротивна слика од онаа на бојното поле. За нив овој центар е како ливада полна со цвеќиња до која сега немаат пристап.

Мила Тодоровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе