Вести Свет

Заленски: Пред 10 години востанието на Мајдан беше првата победа во војната против рускиот окупатор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека историски проевропското востание на Мајдан пред десет години е „првата победа“ во војната против рускиот окупатор.

Прва победа во тековната војна. Победа против рамнодушноста. Победа на храброста. Победа на револуцијата на достоинството. Пред десет години, Украинците за првпат започнаа контраофанзива против самоволниот обид да ја спречат нашата европска иднина, рече Зеленски по повод 10-годишнината од почетокот со кој беше соборен прорускиот режим и покрај неговите обиди да го задуши.

Револуцијата на Мајдан, централниот плоштад во главниот град на Украина, каде се собраа демонстрантите, избувна откако, под притисок на Москва, тогашниот проруски претседател Виктор Јанукович во последен момент одби да го потпише договорот за пристапот на Украина кон Европската унија.

Во февруари 2014 година, движењето успеа да го принуди Јанукович да побегне во Русија по крвавото задушување на протестот, со околу стотина мртви меѓу демонстрантите и околу дваесет меѓу полицијата. Истата година, рускиот претседател Владимир Путин го анектираше украинскиот полуостров Крим и го организираше избувнувањето на конфликтот во источна Украина предводена од проруските сепаратисти, а во 2022 година руската армија почна да ја напаѓа Украина.

Зеленски во денешниот говор рече „се развива нов циклус од нашата историја“.

Нашата генерација ќе одлучи во која насока ќе се движи и тоа ќе остане запишано во нашите историски книги, рече Зеленски.

Во говорот под знамињата на Украина и на Европската унија во центарот на Киев, Зеленски ги повика своите сонародници да останат единствени, а западните сојузници да не влегуваат во никаков компромис со Русија.

Ако цивилизираниот свет почне да бара компромис со терористите и да им дава отстапки, сите ќе загубиме, рече Зеленски.

Европската унија и додели на Украина статус на кандидат за членство во 2022 година, а во ноември даде зелено светло за официјално отворање на преговорите, како и на соседна Молдавија, чија претседателка во вторникот го посети Киев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе