Вести Свет

Ердоган: На Арапско-исламскиот самит е предложено да се организира конференција за денуклеаризација во регионот на Блискиот Исток

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја поздрави резолуцијата од Арапско-исламскиот самит усвоена вчера во Ријад, со која се предлага да се организира конференција за денуклеаризација во регионот на Блискиот Исток поради нуклеарното оружје на Израел.

Коментирајќи го Арапско-исламскиот самит, Ердоган рече: „За прв пат предлагаме „Конференција за денуклеаризација“ во регионот поради нуклеарното оружје на Израел.

„Прашањето за денуклеаризација е многу важно за да се види кои играчи го поддржуваат Израел. Сега е од голема важност што Организацијата за исламска соработка и Арапската лига се собраа и го презедоа овој чекор (резолуцијата), бидејќи е првпат во историјата на овие организации да се одржи таков состанок“, додаде Ердоган.

Тој рече дека во член од резолуцијата се бара прекин на опсадата на Појасот Газа и итен влез на арапски, исламски и меѓународни конвои со хуманитарна помош кои содржат храна, лекови и гориво.

Поради недостигот на гориво, вода и храна во Газа, Ердоган вели дека најважно е да се вклучат САД, кои имаат влијание врз Израел.

Американски воен авион се урна во Средоземното Море, загинаа пет војници

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ се наоѓа во критичен период во процесот на интеграции

Дејан Дејан

Катимерини: Аналитичарите сметаат дека договорот од Преспа нема да биде оспорен

Дејан Дејан

Многу брзо ќе стане јасно дали Северна Македонија сака да оди кон Европа, нема да правиме повеќе отстапки, пораки од бугарскиот државен врв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе