Вести Свет

Американски воен авион се урна во Средоземното Море, загинаа пет војници

Петмина припадници на американската армија го загубија животот во несреќа на американскиот воен авион кој се урна во Средоземното Море за време на вежба, соопшти Европската команда на американската армија.

Од Европската команда на американската армија не соопштија за каков тип на авион се работи и од каде полетал, но САД неодамна стационираа носач на авиони во областа за да спречат секој обид за ескалација на војната меѓу Израел и Хамас.

„За време на рутинска задача за полнење гориво за време на лет во рамки на воена вежба, американски воен авион со пет војници се урна во Средоземното Море. Петте војници во авионот загинаа“, се вели во соопштението на Европската команда на американската армија.

Војската на САД информираше за таа несреќа, која се случила „вечерта на 10 ноември“ во источниот Медитеран, не наведувајќи ја веднаш информацијата за судбината на војниците.

„Џил и јас се молиме за семејствата и пријателите кои ги загубија своите сакани – дел од нивната душа.Целата нација сочувствува со нив“, вели американскиот претседател Џо Бајден во соопштение.

По нападот на Хамас на 7 октомври, Вашингтон му обезбеди воена помош на Израел и ги зголеми своите сили во регионот, особено испраќајќи го носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ и други воени бродови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сите се прогласија за победници во албанскиот блок, но кој ќе биде иден партнер во Владата?

Дејан Дејан

Преговори за влада од следната недела, ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите

Дејан Дејан

Македонија доби претседателка – Силјановска во Вила Водно, Пендаровски се враќа на Американ колеџ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе