Вести Македонија Топ вести

Македонската брачна двојка останува во Газа, евакуацијата ја попречи бомбардирање на амбулантно возило во близина на Рафах, во кое загинаа две медицински лица

Еден брачен пар сè уште е заглавен во Газа бидејќи граничниот премин Рафах од каде треба да пристигнат е во застој поради бомбардирање на медицинско возило каде загинаа две медицински лица. Преминот привремено е затворен од двете страни. Безбедносна проценка за тоа кои луѓе можат да поминат даваат египетските власи. Од МНР велат дека се вложуваат сите напори парот да стигне безбедно во Македонија. Уште еден наш државјанин е во Газа, но тој одбива да биде евакуиран.

Брачниот пар е на списокот за евакуација, но ќе ја напуштат Газа оној момент кога египетските власти ќе ја кренат рампата на преминот. Освен брачниот пар во Газа има уште еден македонски државјанин, но тој одбива да биде евакуиран затоа што бил дел од хуманитарна организација, соопштија од Министерство за надворешни работи.

Македонскиот брачен пар со двете дечиња пред неколку дена беа успешно евакуирани од појасот Газа преку граничниот премин Рафах кон Египет, а потоа и пристигнаа во Македонија.

Египет вети дека од граничниот премин Рафах ќе дозволи излез на 7.000 странски државјани и оние со двојно државјанство. Османи уверува дека и брачниот пар е на списокот, но се зависи од интензитетот на борбите.

Во првите три дена излегоа речиси 1500-тини странски државјани. При нивното пристигнување во матичните земји сведочат за ужасот кој мора да го издржат додека чекаат имињата да им се појават на списокот за евакуација.

Многу ми значи што можевме безбедно да заминеме и можевме да дојдеме овде и да ги видиме нивните лица уште еднаш, искрено не мислев дека ќе успеам. Најстресниот дел од мојот живот. Тоа беше тотален кошмар. Никогаш не помисливме дека ќе успееме да излеземе живи, па затоа сме многу благодарни што сме тука, вели САРА ЕЛ МАСРИ, ЕВАКУИРАНА АВСТРАЛИЈАНКА.

Во меѓувреме, бројот на загинати Палестинци во конфликтот се зголеми на 10 илјади, од кои според УНИЦЕФ повеќе од 4.000 се деца. Од 2.600-тини исчезнати Палестинци под урнатините, околу 1.270 се деца, соопштија од Палестинското Министерство за здравство. За палестинските власти, Газа е веќе претворена во долина на крвта.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Катимерини: Аналитичарите сметаат дека договорот од Преспа нема да биде оспорен

Дејан Дејан

Многу брзо ќе стане јасно дали Северна Македонија сака да оди кон Европа, нема да правиме повеќе отстапки, пораки од бугарскиот државен врв

Дејан Дејан

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе