Свет Топ вести

Косово демантира дека прифатиле српска автономија

Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Криезиу изјави дека Косово ниту прифатило, ниту се согласило со каква било автономија на териториите со етничко српско мнозинство на северот на земјата.

Реакцијата на Криезиу уследи откако поранешниот премиер, моментално опозициски пратеник, Авдула Хоти, ја пренесе изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за американската телевизија Фокс њуз, дека од Белград е побарано де факто признавање на независноста на Косово, а од Приштина доделување автономија на Србите на северот на земјата.

-Ја покажавме нашата подготвеност за максимално почитување на правата на секој член на заедниците, според стандардите на Советот на Европа, изјави Криезиу за јавната телевизија на Косово, РТК.

Поранешниот премиер Хоти, пренесувајќи ја веста што деновиве ја објави „Фокс њуз“, побара реакција од премиерот Албин Курти и претседателката на Косово, Вјоса Османи, повикувајќи ги истите доколку тоа не е вистина, веста да ја демантираат и да дадат отчет пред граѓаните за тоа што се случува во преговорите со Белград.

Владиниот портпарол, Криезиу одговори дека во моментов не е јасно дали вестите во американскиот медиум се однесуваат на директен цитат на претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен или е сопствено толкување медиумот на нејзините изјави.

-Она што сакаме да го нагласиме е дека Косово ниту прифати ниту се согласи на каква било автономија. Ја покажавме нашата подготвеност за максимално почитување на правата на секој член на заедниците, според стандардите на Советот на Европа, каде што ќе се приклучи нашата Република. Но никогаш автономија, дефункционализација, фрагментација или што било друго што Уставот на Републиката не го дозволува, изјави Криезиу за РТК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Каевски и Мојсовски ги отфрлија обвинувањата за злоупотреба на спортски ваучери, велат тие се политички мотивирани

Дејан Дејан

(ФОТО) Протестите во кампусот на Универзитетот во Калифорнија поради војната во Газа прераснаа во насилни судири меѓу ривалските групи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе