Вести Свет

Телефонските линии се вратија во Газа – луѓето насилно влегоа во складиштата за храна на ОН – продолжува воената пресметка Израел – Хамас

Телефонските линии и интернет конекциите полека се враќаат во Газа по повеќе од еден ден речиси целосно прекинување на комуникациите
Поврзаноста беше прекината бидејќи Израел го интензивираше своето бомбардирање на територијата и започна голема копнена операција во која беа вклучени тенкови и војници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека ова е „втора фаза“ од, како што вели, „долга и тешка“ војна со Хамас.
Илјадници луѓе во Газа насилно влегоа во складиштата за храна и лекови што е „загрижувачки знак дека граѓанскиот поредок почнува да се урива“, велат ОН.

Луѓето се исплашени, фрустрирани и очајни. Тензиите и стравот се влошуваат со прекините на телефоните и интернет комуникациските линии“, соопштија од UNRWA. 

Во меѓувреме, израелската армија повторно нападна стотици позиции на Хамас, соопштија денеска ИДФ, додека ги интензивираат своите копнени операции во Газа. Борбени авиони бомбардираа повеќе од 450 цели во текот на изминатиот ден, вклучувајќи командни центри, набљудувачки пунктови и лансирни рампи за противтенковски ракети.

И од Хамас потврдија дека војната жестокот се води на копно „гради в гради“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе