Вести Свет Топ вести

Убиени осум војници, повредени седум – Израел нападна инфраструктура на сириската армија

Израелската војска соопшти дека рано утрово извршила воздушни напади врз инфраструктура на сириската армија, како одговор на лансирање на ракети од Сирија врз територијата на Израел. Според сириската новинска агенција САНА, убиени се осум припадници на војската на Сирија, додека седум се повредени.

Израелските сили соопштија дека идентификувале две ракетни истрелувања од Сирија кои паднале на отворен простор и одговориле со напади врз изворите.

Повеќе детали не се објавени, ниту пак е обвинета сириската армија за двете ракети кои ги вклучија сирените за опасност на Голанската висорамнина која е под израелска окупација. Засега нема коментари од официјален Дамаск.

Израел во последните денови размени оган со либански Хезболах и со милитантите во Сирија. Станува збор за поширок конфклит на северната граница во време коха израелските сили се пресметуваат со Хамас во Појасот Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе