Вести Свет Топ вести

Русија се нуди да посредува во решавање на израелско-палестинската криза

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Москва е подготвена да биде посредник во решавање на израелско-палестинската криза. На самитот на Заедницата на независни држави во Бишкек, шефот на руската држава рече дека е неопходно да се бара мировно решение на конфликтот и оти едноставно не постои алтернатива, пренесува РИА Новости.

„Загубите меѓу цивилите се апсолутно неприфатливи. Сега е најважно да запре крвопролевањето“, изјави Путин.

Рускиот претседател го повтори ставот дека заострувањето на ситуацијата на Блискиот Исток е последица на неуспешната политика на САД која, како што оцени, не се обиде да бара начини за „пеглање“ на противречностите меѓу двете страни.

„Блискоисточниот квартет на меѓународни посредници не е употребен. Под измислени изговори САД го блокираа тој формат кој единствен имаше мандат кој е одобрен со релевантна резолуција на Обединетите Нации“, рече Путин.

Путин смета дека бил направен обид со одредени економски поттикнувања да се реши политичкиот проблем, кој е длабоко вкоренет, а тоа е создавање на независна палестинска држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе