Вести Свет Топ вести

Палестинците почнаа со масовна евакуација од Газа

Колони возила од Газа се движат кон јужниот дел на Појасот. Семејства со автомобили, камиони и запрежни коли го преплавија главниот пат додека продолжија израелските воздушни напади. Палестинците попладнево почнаа со масовна евакуација по апелите од Израел до еден милион жители во енклава да го напуштат подрачјето за 24 часа пред очекуваната копнена офанзива против милитантната група Хамас. По израелската наредба се огласија Обединетите нации од каде порачаа дека е без преседан и предупредија на можна катастрофа при масовно бегство. Канцеларијата за медиуми на Хамас соопшти дека воени авиони погодиле во конвојот со автомобили кои се оделе на југ, при што загинале над 70 луѓе.

Израелската војска соопшти дека нејзини пешадиски и тенковски единици влегле во Газа, во привремени рации насочени кон терористички ќелии, вклучително и на Хамас… но и во потрага по околу 150 киднапирани лица во бруталниот изненадувачки напад на Хамас во саботата.

Хамас им порача на луѓето да ја игнорираат наредбата за евакуација, нарекувајќи ја израелска пропаганда, но голем број на Палестинци, сепак, се решија да тргнат јужно од страв по личната безбедност и на најблиските на малата територија. Газа е под прекин во снабдувањето со храна, струја, вода и медицински материјали.

На израелските напади, Хамас возврати со истрелување на 150 ракети врз градовите Ашкелон и Сдерот, а на мета се најде и аеродромот во Тел Авив.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека околу 1.800 луѓе се убиени во израелските напади кои траат речиси цела недела од кои повеќе од половина биле малолетници и жени.

Во нападите на Хамас кои почнаа во саботата загинаа повеќе од 1.300 Израелци, од кои повеќето цивили, соопшти израелската влада, додавајќи дека се убиени и околу 1.500 милитанти на Хамас.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе