Вести Најважни Свет

Нафтата и економијата- жртви на војната во Израел

Ракетите и натаму крстосуваат по небото на блискиот Исток, престреките во Израел траат, каде се уште ги пребројуваат жртвите на невидениот напад на ХАМАС додека воздушни напади ја толчат Газа и предизвикуваат големи човечки и финансиски жртви во малата опколена пренаселена палестинска територија.

Меѓу загинатите има и странци, пријавени се жртви од Германија, Америка, Украина. Од над 1.400 тајландски работници кои биле ангажирани по израелските кибуци, мали земјоделски населби во близина на Газа, 12 се убиени, а 11 се заложници на ХАМАС и за нив се бара начин да бидат ослободени.

-Тајландските амбасади во државите кои имаат дипломатски односи со (Палестина) оние кои ги држат нашите луѓе, имаат обид за ангажман со нив за ослободување на недолжни заложници, рече Јакапонг Сангмане, заменик министер за надворешни работи на Тајланд.

Многу држави ги извлекоа своите државјани од Израел и постојаните бомбардирања.

-Многу тажно. Ужасно. Живееме во центарот (на Израел) таму не беше многу лошо. Отидовме во засолништата. Но, на југ, не сакам да го користам зборот, но таму беше масакр. Ужасен масакр на луѓето таму, изјави Тал Башан, евакуирана новинарка од Израел.

-Трагедија. Ужасна трагедија. Сигурно разузнавачката служба попуштила и не си ја завршила работата како треба, рече Јозеф Баруховиќ, жител на Белград кој е евакуиран од Израел претпладнево.

Евакуација од Палестина нема. Газа е под силен удар, но таму нема странски работници ниту туристи туку само хуманитарци во мисија кои сега помагаат.

Во таква околина се разви, тајно, операцијата на ХАМАС која ги изненади обучените и одлично опремените израелски одбранбени единици. Но, освен евакуацијата и разурнувањата, ненадејниот напад на ХАМАС почна да влијае и на економијата и на дипломатијата.

На графикот на цената на нафтата по брент барел на лондонската берза се гледа цената од затворањето во петок. Се купуваше за 82,8 долари, но со првото отварање на берзата денеска цената веќе скокна за повеќе од 4 долари или 5 проценти во плус.

Војната ја попречува авионската и поморската индустрија, бидејќи над Блискиот Исток сега има несигурна зона за летање, додека во Арапскиот Залив е отежната пловидбата поради морските граници на држави кои пружаат поддршка на спротивните страни во војната. Со тоа, под ризик е транспортот на стока од Кина кон Европа.

Веќе е забележан пад на израелската берза за повеќе од 7 проценти додека електронската индустрија на чипови во оваа држава е под ризик да го намали производството со што автоматски би биле погодени индустриите кои користат софистицирана технологија произведена во Израел.

Дипломатски, државите се подделија во оние кои го подржуваат Израел, западни држави и пријателите на Тел Авив, додека Иран и арапските народи, некогаш спротивно на официјалните државни политики, ја поддржуваат борбата на Палестина.

Некои како Кина, а пред се Турција понудија помош за дипломатско решение за војната, додека некои како Австрија ја стопираа толку потребната економска помош за Палестина. Наспроти тоа, Израел веќе добива воено-одбранбена помош (првенствено од САД).

А војната досега однесе стотици човечки животи, поголем дел од жртвите се цивили, деца, млади па и цели семејства. Од двете страни на огнот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе