Вести Свет Топ вести

Нашиот одговор ќе го паметите во наредните 50 години – израелскиот министер за одбрана со порака до Хамас

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант порача дека израелскиот одговор во појасот Газа „ќе се памети во наредните 50 години“ и додаде дека „палестински Хамас ќе зажали што ги почна нападите“.

„Правилата на војна се сменија. Цената што ќе ја плати појасот Газа ќе биде многу висока, што ќе ја смени стварноста за генерациите кои доаѓаат“, рече Галант при посетата на градот Окафим на југот на Израел во кој борците на Хамас навлегоа во саботата и земаа Израелци за заложници.

Израелските одбранбени сили објавија имиња на 57 војници кои загинаа во борбите со Хамас во изминатите два дена. Над 600 Израелци се убиени, повеќе од 2.000 се повредени, а над 100 се киднапирани во нападите на Хамас врз Израел.

Израел, во знак на одмазда, почна воздушни напади во кои, според палестински официјални лица, се убиени 370 луѓе во појасот Газа, додека 2.200 се повредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе