Вести Свет

Израел прогласи приправност за воена состојба, престрелки на границата кон Газа

Израелската Армија прогласи состојба на приправност за војна по ненадејниот напад на ХАМАС врз југот на земјата.

Веднаш е одобрена и започната мобилизација на резервниот состав на воените сили.

По средбата со воениот врв, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обрати на граѓаните и кажа дека Израел е во војна.

Израел веќе делува со воздушни проектили врз територијата на Газа од каде ХАМАС го изведе големиот ракетен напад во кој има стотици повредени. На граничната линија кон Газа (Палестина) има престрелки меѓу израелската војска и припадници на ХАМАС, сведочат жители кои се во близина на престрелките.

На најмалку една локација на границата, Палестинците со булдожери ја уриваат високата ограда која е дигитална и софистицирана и служи за спречување на илегални преминувања од Газа во Израел.

Војната команда на ХАМАС објави почеток на масовна воена операција и ги повика сите  Палестинци да земат учество.

-Ова е денот на најголемата битка за завршување на последната окупација на земјата, изјави Мохамад Деиф, командантот на ХАМАС.

ХАМАС соопшти дека испукале 5 илјади ракети, но израелската армија процени дека бројот на проектилите бил двојно помалку.

-Ќе се одбраниме, порачаа Израелските одбранбени сили и воспостоваија радиус на воени операции од 80 километри околу појасот Газа од каде стигнаа нападите.

Израелскиот државен и воен врв на итна координација ги утврдува мерките за одговор, а сите безбедносни агенции презентирале првични извештаи за нападот кој ги обнови старите непријателства со нова војна на Блискиот Исток.

Од нападнатиот регион постојано стигаат нови известувања преку социјалните мрежи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма дознава: Приведен е Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран

Дејан Дејан

Берлин: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе