Вести Свет

Хамас нападна, Израел возврати – најмалку 270 загинати на двете страни и над 700 повредени по ракетирањето од Појасот Газа

Палестинско-израелското буре барут експлодира. Кревкиот мир меѓу две страни беше нарушен утрово со три и пол часовно силно ракетирање на Хамас врз делови на израелска територија. Една од највооружените палестински есктремистички групи ја презеде одговорноста за над 5.000 истрелани проектили за нецели 30 минути. На обемниот палестински удар од Појасот Газа се најдоа јужниот и централниот дел на Израел. Веднаш се огласија сирени за возушна опасност во бројни израелски градови и населби, вклучувајќи го и Тел Авив и околината. Медиумите јавуваат за најмалку 270 загинати лица на двете страни и над 700 повредени од почетокот на нападите утрово, биланс што се менува од час во час.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека Израел е во војна и ја објави операцијата под кодно име „Железни мечеви“, вклучувајќи и воздушни напади во Појасот Газа.

Почетокот на воената операција против Израел ја најави Мохамед Деиф, воен командат на Хамас. Ја опиша како ден за најголемата битка за завршување на последната окупација на палестинската држава. Откри дека врз Израел се истрелани 5.000 ракети и ги повика Палестинците, каде и да се, на борба. Покрај гранатирањето, вооружени групи на Хамас навлегоа на израелска територија, пришто објавија дека заробиле 35 израелски војници, но и цивили, информација што ја потврдија и властите во Ерусалим. Палестинците објавија дека освоиле и стратешки важна точка на границата меѓу појасот Газа и Израел.

Хамас е акроним за „Исламско движење на отпорот“. Во тој формат настана во 1987 година по почетокот на првата палестинска интифада против израелската окупација на Западниот Брег и појасот Газа. Подоцна објави и Повелба во која организацијата се обврза на уништување на Израел. Насилствата дојдоа до израз во 2000 година со избивање на Втората Интифада во која во наредните пет години загинаа околу 5.500 Палестинци и 1.100 Израелци. Хамас во целина е прогласен за терористичка организација во Израел, во САД, во Велика Британија и во други големи сили во светот.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма дознава: Приведен Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран

Дејан Дејан

Берлин: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе