Вести Свет Топ вести

Иран одржа вежба со беспилотни летала во услови на големи тензии со Западот

Иранската армија организираше вежба со беспилотни летала, во услови на тензии со Западот околу неговата нуклеарна, ракетна и вселенска програма.

Во вежбата учествуваа околу 200 дронови. Иранските одбрамбени сили објавија снимки од неидентификуван воен брод кој е снимен од ирански дрон во Индискиот Океан.

Иран постојано работи на откривање нови беспилотни летала, вклучувајќи ги и оние со долг дострел за кои тврди дека се способни да стигнат до Израел.

Вежбите на Иран доаѓаат во момент кога Украина и Западот го обвинуваат дека и обезбедува поддршка на Русија, но иран ги негира наводите дека испратил дронови за употреба во војната против Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе