Вести Македонија

Сѐ уште гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

Во петокот во вечерните часови продолжи да гори боровата шума на планината Сува Гора, пожар за кој од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека бил изгаснат дента во периодот од 11 до 17 часот. Мештаните од Милетино се најблиску до овој пожар и затоа самите се обидуваат да го гаснат огнот.

Од доцна попладне и вечерва цело време одиме до шумата и се обидуваме самите да го изгаснеме пожарот. Мора преземат надлежните нешто, се шири уште повеќе, алармираа жителите на Милетино.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека утринава сè уште е активен овој пожар каде што гори борова шума и ниска вегетација.

Ветрот го разгорел на места и внатре во изгореното, но и на работ на опожареното зафатил и нов простор. Дежурните ја следат ситуацијата, но ноќе секогаш не може да се интервенира, информираа од ЦУК.

Вчера Центарот за управување со кризи информираше дека во гасењето на пожарот освен пожарникарите учествувале и три противпожарни авиони „Ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, како и вработени во Национални шуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе