Вести Македонија

Националниот парк Шар Планина бара од Владата да се раскинат концесионерските договори за две хидроелектрани

Лизгање на земјиштето во селото Вешала, како резултат од активност при изградба на мала хидроелектрана на Шар Планина, констатирале вработените во Националниот парк при теренски увид. Мештаните не можат да пристапат до своите имоти ниту да ги обработуваат нивите до реката Караниколос, а забележливи се и пукнатини на куќите во долниот дел од селото.

Веќе се чувствуваат негативните последици од постоечките вакви објекти, а за да се спречат нови штети, не треба да се дозволи изградбата на двете мали хидроелектрани Пена 84 и Пена 85, за кои е продолжен рокот на договорот, вели директорот Ибрахим Дехари. Тој поднел и писмено барање до Владата и до ресорното Министерство.

Во нивните куќи има пукнатини, во нивните ниви има свлечиште, нивите се оштетени. Секако тоа што го гледаме на терен е добар доказ за да се раскинат овие договори, така што ние стоиме зад тоа и затоа бараме од Владата да ги раскине тие концесионерски договори, вели директорот на националниот парк ибрахим дехари.

За продолжувањето на рокот на договорот, кој првично бил потпишан пред 6 години, Установата не била консултирана. Во зоната каде поминува Пена 84 не се дозволени економски активности, вели Дехари.

Се работи за Пена 84 и Пена 85, тие се наоѓаат во активна зона и не е дозволена и трасата на тие хидрицентралите да оди паралелно со цевката од водоводниот систем. Ние пред еден месец ги затекнавме на терен како нешто мерат, значи тие ги немаат завршено и првичните активности за да отпочнат со работа. Таму има однесено некои цевки и тоа за нас е многу проблематично, тие се метални цефки, а тоа во природата не е дозволено, рече дехари.

Според Министерството за животна средина продолжен е рокот за хидроцентралите на Пена, кои веќе започнале со градба кои се наоѓаат во зона на одржливо користење. 8 договори за хидроцентрали што се наоѓаат во зона на строга заштита и активно користење се раскинати.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе