Вести Македонија

Форум на жени: Политичарите бараат, судии и обвинители исполнуваат желби, корупцијата цвета, рејтингот тоне, решението е во свеста кај поединеците. 

За 15 години 6 закони за амнестија, и многу упади во кривичната постапка, а сега круна на влијанието врз правосудството се новите хибридни измени на Кривичниот законик, вели судијката Мирјана Лазарова – Трајковска.

Ќе се гради интегритет во правосудството тогаш кога политиката ќе ја тргне секоја форма на влијание, а судиите ќе соберат сила да се оградат од проблематичните во нивните редови. На дебатата како да се запре корупцијата во правосудството Лазарова во прв ред ги вброи најповиканите институции. Оние кои обучуваат и оние кои разрешуваат судии.

Дилема немаат ниту обвинителите кој е виновен за грдата слика на правосудството.

Извршната власт, пак, вината за падот на довербата ја бара меѓу поединците во правосудството.

Правосудство затрупано во хартија, со недоволен број судии и обвинители, ниту, пак, стручни соработници. Додека фокусот на јавноста во кривичните постапки, граѓаните се помалку доаѓаат до правда пред граѓанските судови се само дел од аспектите кои паѓаат во втор план откако правосудстовто тоне со најнизок рејтинг.

Во дебата се нагалси и учеството на жените во правосудството, а констатациите се дека нивното партиципирање е значително зголемено, но не и во делот на раководните позициите.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе